Мицкоски: Малите партии се проект на Заев

by fokus

Глас за помалите партии е глас за Зоран Заев, бидејќи така се ситни опозицијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе, упатувајќи порака до граѓаните дека Заев може да падне само ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, и да не веруваат на ад хок политичарите кои, според него, се екскурзијанти во политиката.

Мицкоски потенцираше дека тие помали партии се проект на Зоран Заев за да ја расцепка опозицијата и да остане на власт што е можно повеќе.

– Немам дилема дека тоа е повторно проект на Зоран Заев да направи делење на опозицијата со една цел, да остане уште некој месец повеќе за да може да крадат пусти пари и да останат на власт, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека со глас за помалите партии како експеримент на Заев, и дека секој глас за нив е глас за Заев, бидејќи така се расцепкува опозицијата  и се ситни отпорот против криминалците во власта.

Поврзани новости