Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево

by jadranka 13:39
13:39

На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР Кичево, лишен од слобода е Г.Р.(24) од кичевското село Преглово кој претходно, пред угостителски објект лоциран на улицата „Рудничка“ во Кичево, со нож ги нападнал Н.Ш.(20) и Д.Ш., двајцата од Кичево по што се оддалечил од местото.

Од полицијата информираат дека веднаш по пријавата биле преземени мерки за негово пронаоѓање и приведување, по што тој бил лишен од слобода.

Повредените лица биле згрижени, а за нивната состојба засега нема официјални детали.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Слични вести