480
20 годишно момче е Скопје е приведено во полициска станица, откако во текот на минатиот месец вознемирувало повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови.
„На 07.11.2018 година во 19.30 часот во Полициската станица Чаир било приведено лицето А.Ф.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија. По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.