366
Двајцата полски новинари, кои во петокот беа приведени од страна на македонската полиција заради нелегален премин на границата, се ослободени и продолжуваат да си ја вршат својата работа.
Според Радио Полска, новинарите биле на ГП „Богородица“ и ја следеле бегалската криза на грчко-македонската граница, кога заедно со бегалците ја минале нелегално границата, по што биле приведени. Откако платиле казна, новинарот Јан Хуните и фоторепортерот Максимилијан Ригамонти биле ослободени.