Девојче повредено од заталкан куршум

by Фокус

Единаесетгодишно девојче од селото Брњарци, Скопско, е повредено во пределот на рамото од заталкан куршум додека си играло во дворот на семејната куќа.

Настанот се случил пред четири дена, а девојчето вчера било донесено во скопската Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. По извршената интервенција зрното било извадено, а 11-годишната А.М. е задржана за понатамошно лекување.

Поврзани новости