Приведените демонстранти утринава се испрашуваат во полиција

by Фокус 10:08
10:08

Меѓу десетината приведени има новинар, фоторепортер, активисти, професор… Сите утринава се во станица и даваат исказ пред полицијата. Хелсиншки комитет уште во текот на ноќта им има обезбедено правна помош и им помага на приведените. Во текот на денот, до попладне, тие ќе мора или да бидат изнесени пред судија на претходна постапка ако против нив се покрене некаков акт или ако Јавното обвинителство побара одредување некакви мерки, како притвор на примие, или домашен притвор со образложение дека ќе го повторат делото. Секако ова е во игра ако се утврди нивна вина.И втората опција, ако не бидат изведени пред судија, односно поминат само со некаква кривична пријава тогаш тие ќе бидат пуштени од станица. Како и да е нивните пријатели не се откажуваат од протести и за денеска во 18 најавија нови. Вчерашните кулминираа кога демонстрантите пристигнаа од СЈО до канцеларијата на Иванов на „Рекорд“ и целосно ја демолираа.

Она што беше карактеристично е силната и насилна реакција на полициските специјалци. Од некои снимки и фотографии се гледа како полицајците буквално душмански се однесуваат кон лица кои воопшто не се насилни демонстранти.

- Advertising -

Поврзани новости