Приведени тројца дилери додека продавале марихуана во Градскиот парк во Скопје

by Fokus

Во Градскиот парк во Скопје вчера во 20 часот при продажба на марихуана приведени се три лица, улични дилери.

Како што соопштија од МВР, при извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје, пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица.

-По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости