Приведени танчерки при акциска контрола во Тетово

by Fokus

За време на викендот во угостителски објект во Тетово била извршена акциска контрола, информираа од МВР.

Според полицијата, во периодот од 23,50 часот на 14.01.2018 до 00.35 часот на 15.01.2018 година, Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, во содејство со полициски службеници од Полициската станица Тетово извршило акциска контрола во угостителски објект во Тетово. При контролата, во објектот биле затекнати три женски лица од кои што едната била државјанка на Република Македонија, а две Д.С. (26) и Н.Д. (18)) се државјанки на Република Албанија. Сите три лица биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово.

По целосно документирање на случајот, против странските државјанки ќе биде поднесена пријава за злоупотреба на туристичкиот престој.

Поврзани новости