Приведени приврзаници на Навални кои го чекале на московскиот аеродром

by fokus 18:43
18:43

Руската полиција уапси неколку приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални на московскиот аеодром Внуково. Тие таму го чекаат Навални да долета од Германија.

На видео-снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како полицијата ја приведува опозициската политичарка Љубов Собољ.

- Advertisements -

Навални денеска се враќа во Русија од Германија каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.

Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса“ и за „Ив Роше“. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи, а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи.

Поврзани новости