439
Полскиот новинар Јан Хуните и фотографот Максимилијан Ригамонти биле приведени на грчко-македонската граница од македонската полиција, пренесува Радио Полска.
– Бев уапсен од македонската полиција под обвинение за нелегално преминување на границата заедно со бегалци од Блискиот Исток во градот Гевгелија – напишал Ригамонти на Твитер.
Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи соопштил дека двајцата полски граѓани снимале репортажа за бегалската криза во земјава.