Приведени две момчиња затоа што украле кабел од Радио Кочани

by Fokus

Две момчиња од Кочани се уапсени затоа што постои основано сомнение дека двапати по ред украле кабел од Радио Кочани, пренесуваат од МВР.

„На 19.07.2021 по преземени мерки и активности полициски службеници од ОВР Кочани ги привеле С.М.(19) и М.А.(21) двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека во  два наврата, на 17.07 и 18.07.2021, извршиле кривични дела „тешка кражба“ на електричен кабел од Радио Кочани, кој бил наменет за напојување на опремата на радиото. По комплетирање на случаите, против С.М.и М.А. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за сторени две кривични дела „тешка кражба““, велат од МВР.

Поврзани новости