Шекеринска: Поголеми плати за пиротехничарите

by fokus

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ги поддржа предложените измени на Законот за заштита и спасување, во прво читање, поднесени од Министерството за одбрана.

Измените, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска, предвидуваат поголеми плати за над 25 отсто за пиротехничарите, на кои поради сложеност на работни задачи им се утврдува и плус додаток на плата во висина од 35 отсто, бенефициран стаж и подобри услови за пензионирање. Воедно повисоки плати за инспекторите, како и јасни процедури за отштета за невреме на земјоделско земјиште.

– Пиротехничарите ги ризикуваат животите за нашата безбедност. Да им возвратиме со поголема грижа!, истакна Шекеринска, споделувајќи податоци дека годишно во државава се пронаоѓаат 600 до 1000 неексплодирани убојити средства, а лани само во Битола се пронајдени 12 300 неексплодирани мини.

Основна цел на предложените измени и дополнувања на Законот е да се измени статусот на пиротехничарите од административни службеници во лица со посебни овластувања, како и да се усогласат нивните права со меѓународните норми.

Поврзани новости