592
Во Кочани вчера околу 16:30 часот од полициски службеници од Полициска станица Кочани од слобода се лишени Е.А.(33) и А.А.(31) двајцата од Кочани, бидејќи во нивниот дом се пронајдени и одземени пакувања хероин и марихуана.
МВР денеска соопшти дека по претходно обезбедена судска наредба, при извршен претрес во нивниот дом, пронајдени и одземени се пакувања хероин и марихуана, предмети и накит за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“.
По документирање на случајот, се наведува, ќе биде изготвен соодветен поднесок.