Градоначалникот Георгиески: Ќе се убедиме со охриѓани за вакцинација

by Fokus

Константин Георгиески, градоначалник на Охрид во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за проблемите со кои неговиот град се соочи во изминатата година.

Туризмот е во големи проблеми, но Георгиески верува дека оваа сезона ќе биде многу поуспешна и подобра од претходната.

„Претходната туристичка сезона беше катастрофална. Тој период кога се попуштија мерките беше прекраток за да се надомести изгубеното. Се надевам дека во оваа туристичка сезона ќе се вратат странските туристи. Што се однесува до вакцинирање, ќе се убедиме со граѓаните за вакцина“, истакна Георгиески.

Поврзани новости