439
Околу педесет лица се уапсени, а четворица полициски службеници повредени во судирот меѓу демонстрантите и полицијата пред парламентот во Киев, Украина.
Според информации од полицијата шест демонстранти побарале лекарска помош. До судирот дошло откако полициски службеници пристигнале во кампот поради истрагата поврзана со претходниот инцидент меѓу полицијата и демонстрантите во вторникот.
Според украинските медиуми, полицијата денеска побарала да се отстрани кампот. Поддржувачите на украинскиот опозиционер, Михаил Сакашвили, го подигнаа кампот во октомври. Тие бараат основање на национален суд против корупција.
Фото: Tanjung