Ѓорчев: Ништо не видовме до сега освен погрешни кадровски решенија и вработувања на шарените револуционери

by fokus

Освен кадровски вработувања, или вработувања на договор на дело на овие од шарена револуција, ние не гледаме план за зголемување на платите и пензиите, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на синоќешната дебата на телевизија Телма.

Според него кадровската политика на СДСМ е една од послабите точки на оваа гарнитура.

-Кадровската политика на СДСМ најмногу ја критикуваат членовите на СДСМ. Не гледаме абер од отворање на фабрики и изградба на патишта. Се повеќе и повеќе граѓани се разочарани од оваа гарнитура. Република Македонија никогаш немала влада која е понесопособна, која не може да испорача резултати и која има тотална безидејност – рече Ѓорчев.

Поврзани новости