427
29 албански државјани утрово биле уапсени во Тетово, бидејќи биле непријавени, а работеле како градежни работници и земјоделски работници, соопшти МВР.
-Денеска во периодот од 05,00 до 06,00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на тетовското подрачје. Притоа на две локации во Тетово и во село Џепчиште биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници, велат од МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.