1.1K
Денеска (14.11.2023) во 17:25 часот на подрачјето на скопски Центар, Оперативен тим Потраги ја лиши од слобода С.М.(61) од Скопје.
За неа била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба, осудена на казна затвор во траење од 5 години за сторено кривично дело “даночно затајување” по член 239 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.