Приведен жител на Дебар, предизвикал пожар

by fokus

Приведен е Б.М.(60) од Дебар, поради сомнение дека предизвикал пожар.

Според МВР, тој бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово од страна на патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција.

Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.

Поврзани новости