Десет гранати и ракетен фрлач пронајдени во напуштена куќа во струшко

by fokus

По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, од Единицата за недозволена трговија со дрога, од Оддел за антитероризам и од Крим техника, извршиле претрес во напуштена куќа на место викано „Кабовска маала“  во струшкото село Велешта.

Напуштената куќа била во сопственост на 76-годишен жител на Велешта со иницијали В.К.

При претресот, во куќата биле пронајдени 10 гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани новости