Приведен сопственикот на бензинските „Макоил“

by Fokus

Мите Јовановски, сопственик на бензинските „Макоил“ е приведен утринава од страна на полицијата затоа што се спротивстави на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче.

Според информации од полицијата, со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.

Полицијата асистирала на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската.Тој планирал да ја дислоцира рекламата, но од градот инсистирале тоа да биде денес.

 

Поврзани новости