Активисти на Беса пријавиле пукање во Арачиново

by Fokus

Активисти на партијата Беса синоќа пријавиле во полиција дека додека лепеле плакати во селото Арачиново, во нивна близина застанало возило „голф“, од кое непознато лице истрелало еден куршум од огнено оружје, по што заминало во непознат правец, информираа од МВР.

Според полицијата, активистите на местото нашле чаура, која ја однеле во полициското одделение во Арачиново.

Од МВР велат дека се преземаат мрки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости