522
Полицијата приведе 31-годишен скопјанец, кој денеска околу 4 часот утрото им се заканувал на три лица од обезбедување и превртувал маси и ги вознемирувал гостите во ноќен клуб.
„На 11.01.2019 година околу 04.00 часот било пријавено дека пред ноќен клуб на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје непознато лице им се заканувало по животот на три лица од агенција за обезбедување, кои го обезбедувале објектот. Неколку минути претходно тие го отстраниле лицето од ноќниот клуб бидејќи превртувал маси и ги вознемирувал гостите. Полициски службеници излегле на местото на настанот и го привеле Н.А.(31) од Скопје, По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.