Приведен скопјанец кај ГП Табановце, скрил 10 мигранти во „ауди“

by fokus

Жител на Скопје бил приведен вчера, откако бил фатен со 10 мигранти на ГП Табановце.

„На автопатот Куманово – Скопје вчера во 4:40 часот полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 4:30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија. Мигрантите заедно со возачот се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости