Приведен пензионер кој канел малолетничка во ресторан

by Фокус

Полицијата синоќа го приведе М.П.(72) од Демир Капија.

Според пријавеното од татко на малолетничка во овој град, девојчето било запрено од пензионерот кој и упатувал прашања и понуда за во ресторан, а откако бил одбиен, и рекол дека повторно ќе ја бара, од што таа се вознемирила и исплашила.

„Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник од Центарот за социјални работи Неготино“, велат од полицијата.

М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости