Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго

by Fokus 08:30
08:30

Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица.

Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста.

Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот.

„Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште.

Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк.

Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк.

Поврзани новости