Приведен неготинец кој ја нападнал поранешната сопруга

by fokus

Неготинец на возраст од 41 година, синоќа пред полноќ физички ја нападнал својата поранешна сопруга во нејзиниот дом.

За настанот била информирана полицијата, а полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода напаѓачот.

Настанот за ,,Фокус” го потврдија од СВР Велес.

-На 21.08.2023 во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода И.П.(41) од Неготино. Тој се сомничи дека физички ја нападнал неговата поранешна сопруга во нејзиниот семеен дом. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок-информираа од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости