Две лица од Неготино во тек на изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, информираат од СВР Велес.
Од нив, едниот бил приведен, додека пак на другиот неготинчанец само му биле земени податоци, по што следуваат соодветни поднесоци.
Бројот на лица во самоизолација во Неготино исто така е зголемен од вчера.
На девет лица им биле издадени решенија за изолација, а пак три лица потпишале изјави за самоизолација.
Со тоа бројката на лица во домашна изолација во градот изнесува 24.
Полициските служби вршеле редовни контроли кај изолираните лица и не било забележано прекршување на мерките.
Во градот досега има два позитивни случаи на корона вирус, а инфицираните се на домашно лекување, во добра состојба. Вчера беа регистрирани првите случаи и во Демир Капија, кај брачен пар, кој поради влошена состојба е пренесен на инфективно одделение во болницата во Велес.
Во Кавадарци, Демир Капија и Велес не е евидентирано прекршување на забраната за движење.
Вики Клинчарова