Момче сместено во државен карантин во “Дрим”, нападнало полицајци

by fokus

Дваесет и петгодишно момче, ке неодамна пристигнал од странство, а  се наоѓа во задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим“ во Струга, нападнал полицајци, информираше СВР Охрид.

Станува збор за 25-годишно момче од кумановското село Матејче.

„Излегол од собата и манифестирал недолично и агресивно однесување кон полициските службеници, кои вршеле службени дејства, и ги игнорирал нивните насоки“, велат од СВР Охрид.

Против момчето е поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Поврзани новости