Насилникот кој до смрт измачуваше коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, е повикан во полициска станица на распит, а против него е поднесена и прекршочна пријава прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир.
Доколку против него биде поднесена и кривична пријава за малтретирање и убивање на животно, му се заканува казна затвор до една година. Според граѓанското здружение „Анима Мунди“, сопственикот на животното имал навика, да купува коњи и да ги изнемоштува до смрт, за потоа со нив да храни кучиња кои ги подготвувал за борби.
Претходно од здружението реагираа дека, по најава на загрижен граѓанин, тие веднаш дошле на местото каде што бил измачуван коњот, со соодветен транспорт и ветеринар. Откако коњот добил инфузија, тие побарале од полицијата да го транспортираат на соодветно место, но полицијата не дозволила, туку коњот му го вратила на насилникот, иакао тој немал документ за сопствеништво. По само неколку часа, животното беше убиено.