597
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделот за специјални полициски операции на 04.11.2020 во 16.45 часот во близина на хотел во Струга го приведоа С.Н. (43) од село Велешта, насилник кој во неколку наврати од сопственици на угостителски објекти изнудувал пари.
По преземени мерки и активности, С.Н. бил забележан во близина на хотел во возило „џип“ и лишен од слобода, а при претресот е пронајден пиштол со пет куршуми. С.Н. е приведен во ПС Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.