Полициски службеници привеле скопјанец поради извршено насилство пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром. Одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, соопшти Министерството за внатрешни работи
– На 19 август 2022 во 17:00 часот од полициски службеници на СВР Скопје на подрачјето на Аеродром бил лишен од слобода В.Х.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 од КЗ на РСМ, извршено на 17.08.2022 околу 00:40 часот врз Б.Б.(25) од Скопје пред угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром, се наведува во соопштението на Министерството.
Како што посочуваат од МВР, Во координација со јавен обвинител и по комплетирање на доказниот материјал поднесена е криввчна пријава по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред судија на претходна постапка и одредена му била мерка притвор во траење од осум дена.