Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства

by Fokus

Синоќа во 20:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Р.(56) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 парчиња различни пиротехнички средства.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости