Приведен криминалец од Тетовско баран со меѓународна потерница

by Fokus

Во тетовското село Требош вчера полицијата привела едно лице кое се барало со меѓународна потерница од Основен суд Тетово.

– На 14.12.2020 во 10:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага со асистенција на Единицата за специјални задачи во село Требош-тетовско го приведоа Р.Ф. (47) од с.Требош, кој се барал со меѓународна потерница од Основен суд Тетово во врска со чл.418а ст.2 од КЗ на РСМ, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Лицето е спроведено во казнено поправна установа.

Поврзани новости