580
Во Гостивар вчеравечер околу 19.30 часот на улица „Живко Брајковски“ полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот гостиварец Ф.Н., поради сомнение дека во последниве два месеца во Гостивар извршил пет кражби и тешки кражби, од кои три во моторни возила.
МВР денеска соопшти дека тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.