547
Полициски службеници од Полициската станица Штип , вчера го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека е пријавено за украдено.
Како што соопшти МВР, возилото завчера било одземено на подрачјето на СВР Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од скопско Зелениково.
Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, по чие документирање ќе следува соодветен поднесок.