Обвинителството презентираше докази за „Меѓународен сојуз”, одбраната тврди дека се прекршува ЗКП

by Fokus

Со презентација на докази од обвинителството денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”.

Застапникот на обвинението обвинителката Маја Коневска, на денешното рочиште презентираше материјални докази од извештаите кои обвинителството ги добилo од МВР-БЈБ.

Одбрана на осомничената Фросина Ременски, по презентацијата на овие материјални докази реагираше и истакна дека обвинителството свесно го крши ЗКП и издава наредби за вештачење до МВР на лица за кои судот кажа дека не се вешти лица, не се лиценцирани од Министерството за правда и дека не изготвуваат вешти наоди и мислења.

Првообвинет во овој судски предмет е Бојан Јовановски, кој од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција се сомничи за кривичните дела ,,измама” и ,,перење пари”.

Меѓу осомничените е и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, која се гони за кривичното дело ,,измама”.

Поврзани новости