Кире Георгиевски, главниот осомничен за нападот врз Зијадин Села, пратеник и лидер на Движењето за реформи на ДПА е уапсен утринава, објави Коха.
Заедно со него е уапсен и неговиот татко, кој што се гледа во првичните снимки што ги објавија медумите од нападот во Собарнието.
Георгиевски и неговиот татко, како што дознава Коха од полициски извори, се гледаат на повеќе видео снимки од безбедносните камери во парламентот како го удираат Села во лицето.
Инаку во текот на вчерашниот ден е идентификуван трет напаѓач – лице со капа на главата, кој се гледа како го влече Зијадин Села. Лицето на овој човек не се гледа на снимките објавени од страна на медиумите. Станува збор за едно лице од Гостивар кој живее во населбата Ѓорче Петров во Скопје, пренесува Коха.