Едно лице е уапсено во близина на Бакингемската палата, каде вечерва се слушнала контролирана експлозија. Палатата моментално е под блокада, а наводно е наредена евакуација, јавуваат британските медиуми.
WATCH: Controlled explosion heard on live TV as police investigate suspicious bag at Buckingham Palace pic.twitter.com/YoX2pDKWrF
— BNO News (@BNONews) May 2, 2023
Според информациите, мажот кој е приведен имал со себе сомнителна чанта. Инцидентот се случил околу 19 часот по локално време.
„Полицајците брзо приведоа маж околу 19 часот во вторник, 2 мај, откако тој се приближи до портите на Бакингемската палата и фрли неколку предмети, за кои се сомневаше дека се муниција од сачмарка, во дворот“ – соопшти полицијата.
Оттаму посочуваат дека сите предмети се пронајдени и ќе бидат однесени на увид.
„Уапсен е маж поради сомнение дека поседувал оружје. Поставени се кордони откако е утврдено дека мажот има и сомнителна торба. Присутни се вештаците кои ќе го проценат предметот“, кусо соопштија од полицијата.
Инцидентот се случил само неколку дена пред крунисувањето на кралот Чарлс.