Освен поранешниот директор на скопската Клииника за Онкологија, Нино Васев, приведен е и неговиот шофер Спиро, а на сослушување во моментот се медицинската сестра во дневна амбуланта, Славица Спасовска и секретарката Елена Џонова, дознава „Фокус“ од извори во истрагата.
Претходно, директорката на клиниката, Виолета Клисаровска даде изјава во која соопшти дека екс директор, медицинска сестра и вработен на клиниката со полиција се изнесени од Онкологија.
„Фокус“ пред повеќе од десетина месеци го отвори скандалот „Онкологија“ , каде што на површина излегоа сите злоупотреби, кои низ годините биле правени на оваа скопска клиника.
Се почна откако откако објавивме дека сестра крадела цитостатици на Онколошката клиника, и дека таа веќе еднаш била фатена, но била повторно вратена на работа.
Вп повеќето од текстовите индиректно објавивме кои се луѓето, преку кои се правела целата кримнална шема, а денес дел од нив се веќе и уапсени.
(АРХИВА) „Фокус“ ги открива сите детали за Онкологија: Дали истрагата ќе удри по главата на криминалниот октопод или ќе паднат само ситните риби?!
Скандалот Онкологија е најголемата здравствена афера, која ги откри сите аномалии на здравствениот систем, а тоа посебно на нозе ги крена сите, со оглед на тоа што се работи за најтешко болни пациенти, чиј живот зависи од таа скапа биолошка терапија, каде што само една ампула чини од 2.000 до 8.000 евра.
Веднаш по написите на „Фокус„ на 1 септември, Единицата за организиран криминал и јавен обвинител упаднаа на клиниката, од каде што изнесоа компјутери и бројна медицинска документација.
По написите на „Фокус“, инспектори и обвинители ја „тресат” скопска Онкологија!
За само неколку денови се закажаа протести, на кои излегоа бројни луѓе за да го изразат својот револт. Повеќето од нив со јавноста ги споделија своите страшни патешествија.
Нов протест поради случајот Онкологија: Правда за жртвите
Екпресно беше формирана и Анкетна комисија во Собранието, со која раководеше пратеничката од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
Собранието на крајот на септември формира Анкетна комисија која требаше да утврди политичка одговорност за скандалот со Клиниката за онкологија и радиотерапија. Пред Анкетната комисија излагање имаа поранешни министри за здравство, актуелни и поранешни директори на Клиниката за онкологија, директори на Фонд за здравство, како и директори на други институции.
Претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи, политичка одговорност ја лоцира кај ексминистерот за здравство Венко Филипче, ексдиректорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи, како и ексдиректорите на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.
Ирена Мулачка