471
Еден од демонстрантите, кои протестираа вчера пред Собранието против носење на Законот за употреба на јазиците, бил приведен од полицијата. Како што велат од МВР вчера околу 20.45 часот полициски службеници извршиле преглед кај 27-годишниот Д.Г. од Скопје.
„При прегледот пронајдени се пендрак и камења, по што истиот е приведен во Полициска станица Центар за понатамошна постапка“, велат од полицијата.