СДСМ и нивните медиумски апологети го допреа дното. Срамната насловна страница на „Слободен печат“ е уште еден доказ за нивото на кое се спушти новинарството и дел од медиумите кои го поддржуваат и се чувствуваат охрабрени од Зоран Заев и владеачката гарнитура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Политички да се злоупотреби и да се исмева повозрасна жена е ниско и недолично. Можеби нашата сограѓанка нема јахти како Радмила Шекеринска, хациенди како Зоран Заев или луксузни возила како Кочо Анѓушев, но тоа не им дава право на новинарските перјаници на СДСМ да ја злоупотребуваат нејзината состојба во обид политички да се додворат на нарачателите, стои во соопштението и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ очекува новинарските здруженија и советот за етика соодветно да реагираат доколку им значи заштитата на дигнитетот на професијата. Политичките инспиратори на ваквите насловни страници секако ќе бидат казнети на наредните избори и од оваа жена и од стотици илјади граѓани и нивните најблиски кои беа ограбени и оставени на улица во времето на криминалната транзиција, а сега повторно се предмет на изживување од страна на ненародната власт“.