533
24-годишен битолчанец е приведен затоа што нападнал униформиранa полицискa службеничка на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола.
Според полицијата, вчера околу 19.25 часот додека полицајката извршувала работи од областа на безбедноста на сообраќајот, била омаловажувана со погрдни зборови од битолчанецот Ф.М. Тој застанал со неговото возило до неа, ја навредувал, а потоа ја турнал и се обидел да ја удри. Во тој момент бил спречен од страна на друг полициски службеник.
Од полицијата најавуваат дека против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.