543
Полицијата вчера приведе 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка.
– На 26 февруари во 15.30 часот од полициски службеници од Полициската станица Виница бил лишен од слобода С.И.(53) од Виница по претходна пријава дека на 25 февруари околу 14 часот во Виница допирал и бакнувал малолетничка, соопшти МВР.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.