Јанша: Ако Украина падне, Молдавија е следната, а потоа Грузија

by Fokus

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска предупреди на домино ефект доколку Украина падне, истакнувајќи дека судбината на таа земја е клучна не само за Европа, туку и за целиот свет.

Тој смета дека сега е време Европа да се ослободи од енергетската зависност од Русија, пренесе „СТА“.

-Ако Украина падне, Молдавија е следната, а потоа Грузија. Работите би можеле да зовријат на Западен Балкан – секаде каде што периферијата на ЕУ сè уште не е во (Европската унија) и НАТО. Тогаш балтичките земји речиси сигурно ќе бидат следните, и тогаш сме на работ на сериозен конфликт кој би можел да предизвика Трета светска војна, изјави тој во интервју за Siol, Nova24 и Planet TV.

Поврзани новости