Приватните специјализанти земаа кредити и даваа откази од работа, а сега остана без тие 26.000 денари плата

by Fokus

Повеќе од 90 приватни специјализанти кои се запишани на последниот јануарски конкурс остануваат без како што велат ветената плата од 26.000 денари, односно не се планирани во буџетот за исплата на плата. Тие испратиле писма и до министерот за здравство Венко Филипче и до Фондот за здравство од каде што бараат да не бидат дискриминирани, туку и тие да земаат плати како сите други специјализанти.

Тврдат дека изјавата за исплата на плати на приватните специјализанти била објавена во јавноста уште во текот на конкурсот за поднесување на документи за приватна специјализација што потикнало многу од нив да си дадат отказ од своите работни места и да земаат кредити за да се запишаат.

„Оваа информација директно влијаеше  на бројот на заинтересирани кандидати, поради што поголем број на колеги аплицираа со надеж дека ќе добијат соодветен надомест за вложениот труд и работа. Дел од овие колеги финансиски не можат до крај да го издржат финансиското оптоварување, а се пријавија на конурсот бидејќи изјавата за исплата на плати од страна на министерството за здравство беше охрабрувачка и дефинитивна. Исто така, дел од колегите дадоа отказ од своите работни места со иста надеж, исплата на плата од приватни специјализанти, соогласно ветувањето. На овој начин се добива впечаток дека исплатата на плати е само за одреден круг на приватни специјалзанти запишани на конкурси во годините во кои истата е планирана – се наведува во испратеното писмо до министерот Филипче.

Во писмото, пак испратено до Фондот за здравство приватните специјализанти тврдат дека неправедно е одлучено платите од буџетот да бидат доделени само на одреден број на доктори.

„Го поздравуваме потегот на министерството за здравство да се реши овој тежок и горлив проблем, но тоа да важи за сите. Сето ова води до раздор меѓу колегите кои заедно работат на клиниките и институтите. Наместо кохезија, се создава одалечување и деструкција на односите помеѓу докторите кои заедно работат. Ова, понатаму може и директно да се рефлектира кон сеопфатната грижа на пациентите, поради недоволната соработка со докторите – продолжува во писмото испратено до Фондот за здравсто.

Од друга страна, министерот за здравство Венко Филипче тврди дека нема доволно пари во буџетот за да се дадат плати за сите специјалзанти.

И.М.

 

 

Поврзани новости