Приватните превозници сложни: Нема да учествуваме на огласот на Град Скопје

by Fokus

Градоначалници блиски до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вршат притисок врз дел од превозниците да се пријават на огласот за јавен автобуски превоз во главниот град, откако вчера е донесена едногласна одлука тие да не учествуваат на повикот, истакна денеска Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, барајќи од Владата да и ги одземе на градоначалничката ингеренциите во делот за јавниот градски превоз.

– Преку одредени скопски градоначалници, приватно блиски со Данела Арсовска, се врши притисок врз дел од нашите колеги да се пријават на огласот. Сакам да известам дека сите превозници се едногласни да не учествуваат на тој оглас. Одлуката е донесена вчера, изјави Муриќ.

Тврдењата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска дека долг кон нив не постои, дека приватните превозници продавале билети, а парите не ги пријавувале, туку ги ставале во своите џебови, дека бројот на приватните автобуси е седумдесетина и дека секој превозник ќе може поединечно да се пријави на огласот на новиот јавен повик, тој ги оквалификува како лаги.

Муриќ рече дека и по признание на самиот в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и сметките покажуваат дека долг кон нив постои, нагласувајќи дека приватните превозници воопшто не продавале билети во своите автобуси.

Поврзани новости