Приватните автобуси кои возат на пет линии во Скопје од утрово не возат поради долг од Градот

by Fokus

Приватните автобуси од „Макекспрес“ од утрово не возат низ скопските улици поради неисплатен долг кон нив од Град Скопје и ЈСП, потврди сопственикот на компанијата, Милорад Димитријевски.

Компанијата има 70-тина автобуси кои се дел од градскиот превоз и сообраќаат на линиите со број 19, 20, 22, 52 и 54.

Прекинот на сообраќајот на овие линии беше најавен од вчера, а причината како што рекоа од „Макекспрес“ е долгот што во моментов изнесува над 30 милиони денари.

Димитријевски вчера побара итна средба со раководството на ЈСП и градската власт и кажа дека бара исплата на долгот за август, септември и октомври, како и да се почне со редовна исплата на неделните аконтации за извршен превоз. Од утрово, па до овој момент, како што рече тој во разговор за „360 степени“, компанијата не била контактирана од Градот.

Поврзани новости