Украина: Од Русија испукани повеќе од 50 крстосувачки ракети, прекин на струја во неколку региони

by Fokus

Украина соопшти дека денеска кон државата од Русија биле испукани „повеќе од 50“ крстосувачки ракети што резултирало со прекини на струја во неколку региони. 

„Од 7 часот наутро на 31 октомври, руските окупатори извршија во неколку бранови ракетни напади врз критичната инфраструктура во Украина“, соопшти украинската армија на Телеграм.

Тие додаваат дека „повеќе од 50 крстосувачки ракети X-101/X-555 беа лансирани“ од Русија

Поврзани новости