Нивниот допис го објавуваме во целост:
„Ве известуваме дека денес (15.02.2023 година) во обид да го искажеме нашето незадоволство преку бојкот на нашата работно-едукативна позиција при УК за Детски болести и бојкот на нашата работа за време на дежурства, поради неподмирени обврски од страна на УК за Детски болести спрема нас, во смисла на неисплатен месечен надомест (плата) за месец Декември 2022 година и неисплатени дежурства од месец Август 2022 година навака, од клиниката ни посочија дека “кога тие биле специјализанти работеле за без пари, дека ќе ја завршеле работата и без нас, дека е неприфатливо нашето однесување” и воедно ни се закануваат дека доколку не се појавиме на работа утре (16.02.2023 година) ќе бидат прекинати нашите специјализации и дека ќе биде објавен нов конкурс за специјализанти.
Ве информираме и дека денес, претставници на приватните специјализанти остварија средба во пријатна и конструктивна атмосфера со одговорната професорка за специјализантите, која ни го пренесе ставот на Клиниката и катедрата за Педијатрија. За утре е побарано од нас средба со шефот на катедра и Директорката.
Воедно Ве известуваме дека сме во постојан конфликт и недоразбирање со вработените во административната служба при УК за Детски болести секогаш кога треба да се исплатат финански средства за нас специјализантите, по било кој основ, чија што игнорантност кон нас е еднаква на терор.
Ве известуваме и бараме како наши официјални претставници да покажете незадоволство од ваквото неправедно и деградирачко однесување кон нас во врска со најновите збиднувања од една врвна институција.
Со почит,
ЗЛС најостро го осудува ваквото однесување кон приватните специјализанти при ЈЗУ УК за Детски Болести. Само за потсетување, ова е најдефицитарниот тип на специјалисти во нашата земја. Дали е ова стратегијата да ги задржиме педијатрите во Македонија? Апелираме до сите надлежни институции промптно да ја регулираат исплатата на задоцнетите надоместоци!